Кафе муабет
Биковиќ изгледа како “фреска” а глуми криминалец- Ѓорѓе Давид pacпали по миленикот на жените!
Ѓорѓе рече дека не му се допаѓа како Биковиќ ја игра главната улога во филмот „Јужен ветер“...
Познатиот рокер, Ѓорѓе Давид, кој моментално е дел од жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, реши да го прокоментира филмот „Јужен ветер“, кој предизвка голема зантересираност.
Рокерот имено зборуваше за главниот актер Милош Биковиќ, кој за кратко време ја освои публиката и е миленик на жените.
Ѓорѓе ги коментираше денешните серии и филмови и рече дека не му се допаѓа како Биковиќ ја игра главната улога во филмот „Јужен ветер“.
Тој го прозва Биковиќ, нагласувајќи дека не му е јасно како некој што „личи на фреска може да глуми криминалец“.
“Има пет до седум актери во овие ТВ серии кои постојано се појавуваат во сите серии. Гледам некои момци како глумат криминалци, воопшто не им верувам. Како може Биковиќ да глуми криминалец кој личи на фреска? Не е тоа за него, смешно ми е“, изјави рокерот.
Тој тврди дека нема ништо против Биковиќ, туку дека едноставно мисли дека Милош не е роден да игра улоги на жестоки момци.
„Не зборувам дали Биковиќ е добар актер или не, но не сме сите за се. Добро, освен Марија Шерифовиќ и Јелена Томашевиќ.
Сепак, повеќето гледачи не се согласуваат со рокерот бидејќи филмот „Јужен ветер“ за само две недели го погледнале дури 400.000 луѓе.
Милош Биковиќ во ова мега популарно остварување го глуми ликот на Петар Мараш.
За потсетување, неодамна најпопуларниот актер и миленик на женската публика Милош Брковиќ во јавноста откри дека всушност е Македонец поточно дека има потекло до Берово.
Милош за медиумите откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски.
Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито – сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето.
Инаку Милош откри и некои делови од приватниот живот, поточно прозборе за неговиот брат кој е монах.
– Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција. Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога. Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува убавиот актер кој сега живее во Русија.
Тој откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.
– Растев во Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Мојата фамилија некогаш била многу богата, но после Втората светска војна поради нацонализацијата изгубивме сè.
Тато некогаш беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не живеев богат живот.