Новости
Балашевиќ ја сакаше оваа жена повеќе од четири децении, a пред свадбата се случи голема тpaгeдија
Ja сретна сосем случајно, а заради ова веднаш реши да ја ожени
Балашевиќ во 2001 година го објави својот албум „Дневник старог момка“ посветен на неговата најголема љубов и поддршка.
Вчера згасна животот на Познатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ кој по неколку дена на Инфективната клиника ја изгуби битката.
Неговата љубов со сопругата Оливера траеше повеќе од четири децении.
Тие се сретнаа случајно за време на едно телевизиско гостување,
А откако Оливера констатирала дека Златко Вујовиќ е опасен фудбалер, Балашевиќ решил веднаш да се ожени со неа. Тие уживаа во складниот брак повеќе од четири децении, а многумина се прашуваат дали познатиот кантавтор би имал толку емотивни балади ако во далечната 1979 година не ја сретнал и запознал својата Оливера, жената која беше негова најголема поддршка и инспирација во животот, и во која беше вљубен до својот последен здив.
Балашевиќ својата идна сопруга ќе ја запознае сосем случајно. Таа е поранешна репрезентативка во спортска гимнастика, а се запознаа кога и двајцата беа гости во новосадската телевизија – Оливера како спортистка, а Ѓорѓе како музичар. Убавата девојка која тогаш студирала во Нови Сад, ни не сонувала дека во тој „бушав“ и „незадолжителен“ младич со гитара ќе се вљуби „до уши“.
Одлична гимнастичарка во четири спортски дисциплини, со голем број медали и признание, требаше да одлучи измеѓу својата голема љубов и оваа новата, која во тој момент тукушто се раѓала меѓу неа и музичарот.
„И тука јас превладав како петта дисциплина“, раскажуваше легендарниот музичар во дамнешната 1981 година.
Всушност победила љубовта помеѓу двајца млади луѓе со исти желби и интереси.
„Во една пригода го гледавме заедно натпреварот Хајдук – Хамбург“, раскажуваше тој своевремено, па ќе продолжеше:
„Одеднаш Оља ми ја префрли раката преку рамето и ми кажа: ‘Овој Златко Вујовиќ е опасен фудбалер. Тогаш си кажав самиот на себеси: Ја најдов вистинската, другар кој се разбира и во други работи. Ќе се женам веднаш“, зборуваше тој.
И додека Оливера студирала и живеела во дом, Балашевиќ често знаел да запее под нејзиниот прозор, а нивната љубов не ја криеја.
„Мајка ми многу тешко и емотивно го доживеа тоа што заминувам во Нови Сад и што ќе бидам сама, дури и ми предлагаше да најдам некое момче. Имав цимерка Весна од Чачак, запознавме многу луѓе, со кои и денес одржувам контакт“, изјави Оља.
И наскоро во нејзиниот живот ќе се појави тоа момче, тогаш веќе познат музичар, а нејзиниот студентски живот го опиша во песната „Провинцијалка“.
Во студентската соба во која тогаш младата Оливера од Зрењанин живеела, и денес на влезната врата се наоѓа плочка на која пишува:
„Додека таа не слети низ ходник студењака…Оља и Ѓоле Балашевиќ, 1 јуни 1979“. Томку на ова место и започна нивната голема љубов.
Тој вели дека песната е поврзана со оваа соба. Јас знам дека на масата читав белешки од предавањата, подготвував испит и гледав често низ прозорот чекајќи кога ќе се појави. Тогаш немаше мобилни телефони, па Ѓоле со свирка ми се јавуваше под прозорот. Таа свирка и денес ја користи кога ќе се изгубиме во некој град или во некој трговски центар. Кога ќе ја слушнев неговата свирка, со брзина на светлината трчав низ ходникот за да го видам, и така таа песна го раскажува тоа на многу убав начин“, објасни Оља во една пригода.
„На патот да станам расипан дечко, ја сретнав неа, и се прерасна во приказна за мангуп и принцеза, но во малку изменети улоги. Далеку од тоа дека таа беше мангуп, но беше мала скитница по студентските соби и домови со огромна амбиција. Пред Оља имав неколку трагични, формални врски, но кога ја видов прв пат, помислив дека сакам да ја оженам и да имам свое семејство“, зборуваше Балашевиќ за својата сопруга.
Тие се венчаа во 1981 година, но не правеа голема свадба бидејќи мајката на пејачот го изгуби животот една година претходно.
Неговата ќерка Јована тогаш наполнила половина година, па сепак решиле да ја завршат и оваа формалност.
Инаку, тие се доказ дека најубавите љубовни приказни можат да опстанат, но и дека истите мора да се заливаат со најубави стихови и најнежните ноти.
А во тоа никој не е подобар од Балашевиќ.
Пoчивaj во мир, голем човеку!