Бебе

Неколку вистини за односите со вашиот партнер откако ќе добиете дете

По доаѓањето на бебето, односите помеѓу брачните партнери се менуваат.

И двајцата родители се воодушевени со доаѓањето на бебето, но родителството во односот носи некои промени и некои работи никогаш нема да бидат исти како порано. Лежење еден покрај друг додека ги читате новостите? Повеќе не. Лежерен ручек за викенд? Хмм, можеби сепак не.

Ви прикажуваме неколу вистини за односите со вашиот партнер откако ќе добиете дете.

Не можете да дочекате партнерот да се врати дома од работа

Не затоа што очајно сакате да го видите. Туку затоа што сакате да му го предадете бебето и конечно да отидете до тоалет.

Од полноќ па до шест наутро го мразите вашиот партнер

Затоа што вие постојано се будите и го храните вашето бебе, а потоа се обидувате повторно да заспиете, додека вашиот партнер мирно спие покрај вас. Понекогаш сериозно се прашувате дали тоа е доволна причина за развод.

Потајно следите колку често вашиот партнер ги менува пелените на бебето

… И потоа тој број го кажувате во следната кавга. Притоа ги споменувате и ноќните хранења и колку време ви должи за да биде со вас.

И понатаму се гушкате пред телевизор

Но додека тој гледа фудбал, а вие го гледате мониторот за бебето во другата соба.

Немате повеќе толку разбирање за вашиот партнер

Посебно кога се жали на тежок ден на работа или кога е малку уморен.

Вашиот сексуален живот е поинаков

На брзина во дневната соба, но секогаш го носите градиникот за доење затоа што вашите гради се многу чувствителни. Многу сте уморни, но, не грижете се, вашиот сексуален живот ќе се врати во нормала кога ќе се чувствувате спремни и наспиени.

Поради малите работи, го сакате уште повеќе

Некогаш од него добивавте цвеќе и излегувавте во романтични ресторани. Сега ако мажот влезе во собата кога на бебето треба да му се смени пелената, а притоа тоа го направи без да каже ниту збор, вие се чувствувате како да сте добиле на лото.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close