Дом и семејство

Ана Кораќ конечно го покажа партнерот: Еве кој е таткото и човекот кој го украде срцето на една од најпознатите старлети- оваа фотографија ќе ве разнежни

Уживаат со синот...

Старлетата Ана Кораќ се прослави со учеството во реалити шоуто „Задруга“ и за кратко време ги освои срцата на многумина.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Имено Кораќ неодамна се породи и на свет донесе здраво машко бебе. Породувањето помина без проблеми, а по излегувањето од породилиштето, мајката целосно се посвети на бебето а деновите ги поминуваат во топлината на својот дом, каде партнерот на Ана Кораќ им дава неизмерна љубов.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Иако Ана го држи партнерот подалеку од очите а јавноста и само нејзините блиски пријатели знаат кој е таткото на нејзиното бебе сепак сега гордата мама не одолеа, па со следбениците на Инстаграм сподели сцена од таткото и синот која ќе ги стопи и најтврдите срца.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Супер тато, семејно време – кратко напиша Кораќ во описот на фотографијата.

фото инстаграм/Ана Кораќ

За потсетување, партнерот на Ана Кораќ е богат бизнисмен кој не сака јавно да се експонира. Старлетата во неколку наврати изјавила дека не и пречи што нејзиниот сакан бега од објективот и дека ја почитува неговата желба да остане анонимен.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Партнерот на Ана Кораќ живее во голема семејна куќа во Обреновац… Работи во државен сектор, но неговото семејство има разработен бизнис и се бизнисмени, па на Ана ништо нема да и недостига – вели добро упатен извор за тамошните медиуми.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Тие двајца се толку многу заљубени што не е нормално, но бидејќи тој не сака да се експонира. Таа се согласила на се бидејќи е заљубена и сака да живее во мир и луксуз на релација Обреновац – Ивањица каде живее нејзината мајка. Нејзината најголема желба беше да роди бебе, тоа и се исполни и сега не ја интересира ништо друго освен да го задоволи својот емотивен партнер, истакна извор близок до старлетата, пренесува Папарацо.рс.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Да потсетиме, Кораќ вложи многу пари во својот изглед, кој драстично го промени од почетокот на својата кариера.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Познато е дека вградила силикони во градите и задникот, а освен тоа направила корекција на усните и носот.

фото инстаграм/Ана Кораќ

За да го задржи својот изглед, старлетата мора редовно да прави дополнителни интервенции кои чинат 5.000 евра.

фото инстаграм/Ана Кораќ

„Мојата операција беше кога имав 20-21 година. Три пати ги правев градите, го криев тоа од мајка ми, таа е домаќинка. Таа е вистинска семејна жена и тоа за неа е ненормално и неприфатливо. Му кажав на татко ми за операцијата, кога мајка ми дојде и виде што направив, никако не можеше да прифати“, изјави тогаш Ана за „Курир“.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Старлетата своето тело го препуштила во рацете на познатиот турски хирург пластичар Селкука Јазан, кој и го препорача нејзината најдобра пријателка, Сораја Вучелиќ.

фото инстаграм/Ана Кораќ

„Ана постојано наоѓа некои мани на себе, па повторно ги коригираше очите и носот. Нејзина голема желба и е да изгледа како барбика, и таа нема да се откаже, се додека не дојде до посакуваниот ефект“, изјави во една прилика за порталот „Информер“ извор близок до старлетата.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Според овој извор, а како што пренесува порталот, Кораќ во Истанбул направила уште една корекција на очите, како би ги закосила и би го добила таканаречениот ефект „мачкини очи“. Докторот Јазан е еден од најпознатите „пластичари“ во Турција, а Кораќ неодамна стана заштитно лице за неговата клиника, па затоа последните зафати не ги ни плати.

фото инстаграм/Ана Кораќ

„Сакам да му се заблагодарам на најдобриот доктор на светот што токму мене ме избра да бидам заштитно лице на најдобрата и најпрестижната клиника во Турција и ширум светот. Ви благодарам на укажаната доверба“, напиша тогаш Ана Кораќ на својот Инстаграм.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close