Кафе муабет
Агнеса се појави на свадба и го украде шоуто – ги истакна РАСКОШНИТЕ ОБЛИНИ, кумовите не го тргнаа погледот од неа
Познатата русокоса блескаше од глава до пети...
Познатата македонска инфлуенсерка Агнеса Органџиева овој викенд беше гостинка на свадба на која блескаше во своето издание.
Таа за оваа пригода избра црн тесен фустан со длабок шлиц и тенки прерамки во кој изгледаше како холивудските диви.
Кога Агнеса се појави во ресторанот, нема некој што не го забележа ова нејзино издание со кое таа го украде шоуто.
Таа едноставно блескаше во тесниот црн фустан, кој совршено и’ стоеше, и ги остави сите без здив со својата елеганција.
Во преден план беше нејзиното длабоко деколте, но и убавите нозе на кои носеше бели сандали зачинети со реси.
Нејзината долга руса коса беше благо виткана и паѓаше преку голите раменици, додека од накит носеше големи обетки, неколку прстени и нараквица кои потполно се вклопија со бојата на сандалите.
Тесниот фустан ја истакна нејзината тенка половина, а здолништето во долниот дел беше зачинето со реси и длабок шлиц со кој познатата инфлуенсерка во преден план ги истакна своите убави нозе.
Како таа изгледаше во ова свое свадбено издание и зошто сите гледаа во неа, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева