Кафе муабет

На 61 година ја родила својата внука: Оваа жена стана сурогат мајка на нејзиниот син и неговиот партнер- повторно би го направила истото за тој да е среќен!

Нејзиното сурогат искуство, вели таа, било скоро исто како и две бремености во нејзината младост, а девет месеци подоцна се родила Ума...

Оваа мајка е доказ дека љубовта кон детето е посилна од се.

фото инстаграм

Имено таа за својот син направи потег за кој никој не ни помисли дека би го ризикувала животот на 61 година.

Метју Елеџ (34) и Елиот Дагерти (31) се сретнаа во 2012 година кога Метју режираше краток филм и го замоли Елиот да ги стилизира актерите. Нивната средба се случила во ресторан каде отишле да разговараат за сценариото и не престанале да се дружат од тој ден, а три години подоцна тие се венчаа, иако истополовите бракови во Небраска не беа признати дури до март оваа година.

фото инстаграм
фото инстаграм

Геј двојката брзо наиде на предрасуди, а нивната приказна се најде на насловните страници на многу американски весници кога Метју, јавно откако дека тој и Елиот се вериле, беше отпуштен од католичкото средно училиште каде предаваше англиски јазик и работеше како логопед .

фото инстаграм

Во тоа време, како поддршка на него и другите хомосексуални парови, 102.000 луѓе потпишаа петиција за укинување на одлуката за разрешување, но католичкото училиште беше категорично во одлуката за оставка. Метју најде нова работа, но ова искуство ги измори него и неговиот партнер и тие знаеја дека слични работи ќе им се случат ако се обидат да посвојат дете во конзервативната Небраска како ге ј пар.

фото инстаграм

Веднаш штом слушна за нивната желба да основаат семејство, сестрата на Елиот им понуди да биде сурогат мајка, но парот ја одбил нејзината дарежлива понуда затоа што таа и самата се обидувала да има дете, па не можеле да ја прифатат понудата.

Наскоро и мајката на Метју, Сесил го понудила истото.

фото инстаграм

„Никогаш не ми падна на памет дека би имала ризик по здравјето, се додека мојот син не го споменеше тоа“, изјави за Инсајдер Сесил, која во тоа време веќе беше во менопауза.

– Му реков на докторот за што размислувавме, и тој ме праша: ‘Дали мајка ви е здрава?’ Ако има матка не гледам зошто да не! ‘ – Метју се присети на самите почетоци на основање семејство.

За еден месец, Сесил започнала да прима инекции на прогестерон, а докторот постојано им велел: „Ќе видите, таа дефинитивно ќе биде сурогат мајка за вашето дете“.

фото инстаграм

– Откако конечно донесовме одлука да се обидеме, не погледнав назад – вели Сесил и оттогаш, вели таа, само се надевала дека оплодувањето ќе успее. Кога по првиот трансфер на ембрион поминала тест за бременост, рече дека била убедена дека тој е негативен. Тогаш Метју дојде да ја посети, па таа му рече дека „не сака да го разочара, но мисли дека не успеала да забремени“, но тој погледна на тестот и виде друга бледа линија која таа не успеала да ја види.

„Можеби сеуште можеш да имаш дете, но видот ти е лош“, истакна низ смеа Сесил. Нејзиното сурогат искуство, вели таа, било скоро исто како и две бремености во нејзината младост, а девет месеци подоцна се родила Ума.

фото инстаграм

– Беше неверојатно да се види таква сила и моќ во тие години. Таа го направи крајниот чин на несебичност, поради што сакам да бидам како неа – рече Метју благодарен на неговата мајка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close