Градинка

Зошто децата кои помагаат во извршување на домашните задачи се поуспешни?

Дозволете им на децата малку да „ги извалкат“ рацете.

Науката потврдува дека родителите кои на своите деца им даваат право да ги извршуваат домашните работи, како чистење соба и ситни задачи, им го градат карактерот и ги прават свесни дека се дел од заедницата. И не, тоа не е казна.

Да се поттикнуваат децата да прават нешто е еден од најдобрите начини да ги подготвите за живот, тврдат научнициет. Ако од нив барате да се вклучат во некои секојдневни работи, поголема е веројатноста дека подоцна во професионалниот живот ќе бидат посупешни.

Така, ќе имате двојна корист – ќе ви помагаат во извршувањето на домашните задачи, а притоа за себе ќе си градат подобра иднина.

Ако децата не ги мијат садовите, тоа значи дека некој друг го прави ова за нив. И така се ослободени не само од работа, туку и од учењето дека секој мора да работи и да придонесува за доброто на сите. Таквите домаќински работи имаат и дополнителни предности, па децата помагајќи низ дома учат за некои вештини и истите ги совладуваат, со што им се гради самодовербата.

Придружувајќи им се на мама и тато додека работат нешто, децата ги учите и на благодарност кон родителите, а преку учењето на тие работи тие се оспособуваат за самостоен живот.

Научниците веруваат дека работата кај децата ги поттикнува на одреден начин на размислување: оној кој им вели дека одредени работи мора да се направат, а тие би требало да ги засукаат ракавите и да ги извршат задачите. Исто така на родителите им се препорачува да размислат и да ја прошират својата дефиниција за успех: Не се работи само за тоа да завршат децата факултет или да си постават пат за кариера.

Студиите сугериираат на тоа дека родителите можеби помалку би требало да се насочат на тоа своето дете да го запишат на секакви активности, помагање околу тестови, отстранување на сите препреки од патот, и наместо тоа да им дозволат малку да ги извалкат своите рацe.

Затоа што нешто толку едноставно, како што е бришењето на подот, може да им донесе многу поголема корист од трошење дополнителен час време вежбајќи математика или одржување часови по јазик.

Секако, треба да пронајдете рамнотежа: сакаме децата да ги научиме на одговорност, а истовремено да им дозволиме да бидат деца.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close