MAMAДом и семејство
5 знаци кои покажуваат дека имате совршен сопруг
Вистинскиот маж не знае само да утеши со убави зборови, туку презема и одлуки и акции. Ако вашето момче или сопруг ги има некои од овие особини, тогаш бидете среќни!
1. Ви помага во извршувањето на домашните обврски
Никогаш не дозволува да се чувствувате како негова лична собарка. Тој сфаќа дека и вие имате еден куп обврски, па секогаш е спремен да ви помогне при средување на куќата.
2. Секогаш ве поддржува, дури и кога правите грешки
Сите правиме грешки, но кога ќе се случи тоа, другата половина треба да ви пружи поддршка, дури и ако не сте во право. Во секој случај, сопругот треба да биде оној кој ќе ви помогне.
3. Обрнува внимание на детали
Тоа не значи дека треба да го знае секој детаљ од вашиот живот, но мора да знае кои ви се важните работи што може да ве направат среќни.
4. Знае како да ве расположи
Кога се чувствувате лошо, тој знае како да ви го подобри расположението. На пример, ќе ве потсети на некоја забавна случка или на нешто драго од минатото што ќе направи да се чувствувате подобро.
5. Не заборава на вашите проблеми
Мажите обично имаат потешкотии да се фокусираат на повеќе од една задача истовремено. Но, оној кој ве сака знае дека вашите проблеми треба да бидат и негов приоритет.