Дом и семејство

Прашања и одговори: Која секс позиција е најдобра за правење бебе?

Дали навистина некои секс позиции се подобри од другите ако се обидувате да зачнете?

Не постојат докази дека одредена позиција е подобра од останатите за зачнување на бебе. Се смета дека позициите кои овозможуваат излевање на спермата најблиску до грлото на матката се најдобри, како на пример мисионерската позиција – мажот горе. Сепак, овие тврдења не се научно поткрепени. Од друга страна пак, не заборавајте дека најважниот фактор е правилното темпирање на времето. За да ги зголемите шансите да дојде до зачнување, треба да имате секс ден-два пред овулацијата и на самиот ден на овулацијата.

 

Дали ќе се зголемат шансите да зачнам ако имам оргазам?

Постои верување дека ако жената доживее оргазам откако партнерот ќе ејакулира, се зголемуваат шансите да остане бремена, но сепак, и ова верување не е поткрепено со никакви студии или докази. Не е неопходно жената да доживее оргазам за да остане бремена, но можно е контракциите на матката да помагаат сперматозоидите да стасаат до јајцеводите. Вакви контракции се случуваат и кога немате секс, посебно во периодот околу овулацијата.

 

Дали треба да продолжам да лежам потоа?

Нема докази дека треба да останете да лежите, но нема ниту штета од тоа (и ова не е поткрепено со докази!). Можете да останете во хоризонтална положба петнаесетина минути или повеќе по сексуалниот чин, бидејќи тоа ќе овозможи повеќе семена течност да се задржи во вагината. Секако, во секоја ејакулација има милиони сперматозоиди, така што не треба да се грижите и ако веднаш станете – тие ќе си го најдат патот!

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close