Кафе муабет

Заменски татко: Отворил Јутуб канал за сите деца кои раснат без татко

Роб Кени споделува татковски совети за децата кои раснат без татко.

Таткото на две деца, Роб Кени, имал тешко детство. Кога имал само 12 години, татко му го напуштил, затоа што сметал дека не е подготвен да ја преземе одговорноста која ја носи родителството.

Тоа значело дека немало со кој да разговара за бричење или врзување вратоврски, немало кој да му покаже ни како да ја промени гумата на автомобилот.

Бидејќи и самиот тој раснел без татковска фигура, оној ден кога самиот станал татко, Роб знаел дека треба да пронајде креативен начин да им помогне на децата кои раснат без родители. Затоа отворил Јутуб канал под името „Dad, how do I?“ и таму дели видео туторијали во кои објаснува различни работи, за тоа како правилно да се врзе вратоврската за првото интервју за работа, како се бриче брадата и како се заменува улјето на автомобилот.

Тој во своите видеа се труди да покрие различни теми кои инаку татковците и мајките би ги учеле своите деца. Со своите видеа брзо стана вирална сензација, со повеќе од 1,5 милиони претплатници на каналот. Идејата се родила уште пред две години, а во текот на карантинот ќерка му го натерала да отвори свој канал и да ја претвори во дело.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close