MAMA

Мајка на 5 деца: Ова не е нормално. Исцрпена сум

Најдобро да се објасни ситуацијата е дека се обидувам да функционирам во нефункционалност.

Таа е мајка на 5 деца и е исцрпена. Блогерката Регана Лонг на Фејсбук споделила објава во која говори за тоа како моментално се чувствуваат повеќето мајки. Лонг својата објава ја започнала со реченицата која никогаш претходно не ја користела: Прости ми, многу сум исцрпена.

„Го реков ова едно утро на една од учителкие на моите деца кога бараше ZOOM со мене и моето дете. Во исто време додека другите две деца ми сурфаа по Гугл, морав да му се јавам на најстарото дете да внимава на бебето, татко им само што го започна деловниот состанок и додека се борев со лаптопот се обидував да отворам ZOOM и бев на работ на распаѓањето. Лаптопот не можеше да се конектира на интернет. Бебето плачеше. Најстарата ќерка беше фрустрирана зашто морала да го чува бебето. Врева доаѓаше од сите соби, а јас едвај се воздржував да не го фрлам лаптопот од масата“.

И целосно ја разбираме. Едно истражување открило дека 74% од мајките се чувствуваат психички полошо откако почанла пандемијата, а едно неодамнешно истражување на американското психолошко здружение покажува како родителите доживуваат значаен пораст на стрес од пандемијата.

Не се распаѓаш ти, мајко драга. Светот се распаѓа.

Лонг додава: „Тоа не е нормално. Се обидуваш да функционираш во нефункционалност. И тоа е најдобриот начин да го објаснам сето ова: ОБИД ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕ ВО НЕФУНКЦИОНАЛНОСТ.“

Никој моментално не е „нормален“. Како мајка, ти си силна, храбра, но немаш надчовечка моќ. Лонг не би требала да се извинува за сето она што не може да го направи. Не можеме се’. Време е да се ослободиме од она што мораме.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close