Бебе

Заедничко спиење со бебето: Да или не?

Кога ќе се роди бебето, многу е поврзано со мајката.

Кога се раѓа бебето, често мора да се стави на гради, па практично е бебето да биде во близина на мајчиниот кревет или во креветчето. Со оглед на тоа дека бебето и во текот на денот и во текот на ноќта јаде често, понекогаш попрактично е да се стави до мајката, па таа да може веднаш да го земе во прегратки кога ќе заплаче.

Кај заедничкото спиење посебно треба да се внимава мајакта во сонот да не се сврти некако и да го повреди бебето.Важно е креветот да биде довоголно голем и секоја личност во тој кревет да има доволно простор за себе. Важно е на детето да му дадете слободно да лежи, да нема никакви препреки или предмети кои му пречат, го опкружуваат и слично.

Така, детето не смее да спие помеѓу родителите, туку покрај едниот родител, а поради доењето, тоа е најчесто покрај мајката.

Долгиот сон причина за заедничкото спиење

Заедничкото спиење им овозможува и на мајакта и на детето, но и на таткото, поквалитетен сон и најверојатно помалку будни часови поради хранење, смирување на детето, ноќно будење и слично.

И децата во зрасните се будат ноќта, меѓутоа, возрасните знаат сами да се успијат, додеа малите деца се’ уште не го знаат тоа. Исто така, во мајчината утроба тие имале топлина и звук од отчукувањето на мајчиното срце. Тоа им помага и кога ќе се родат да се смират и да имаат чувство дека се’ е во ред, дека се сигурни.

Кога спијат блиску до мајката, полесно се смируваат, на мајката ѝ е поедноставно да дои, затоа што не мора да станува и целосно да се буди.

Доверба помеѓу родителите и децата

Заедничкото спиење е еден од основите за развој на доверба во однос на родителите и децата. Детето се чувствува сигурно, заштитено и сакано. Бидејќи дел од родителите сепак сакаат да ја задржат приватноста во брачниот кревет, еве што вели психологијата на прашањето дали на детето кое спие само му недостига нешто.

Одвоеното спиење не значи дека се занемарува сето горенаведено. Тоа само значи дека ќе треба да вложите поголем труд и напор, за сето ова да му го осигурите на своето дете. Така, важно е да се реагира на детските потреби, да се смири и да се развие однос на доверба помеѓу родителите и децата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close