Градинка

Супер-правило на една мајка кое важи за пријателите на децата кои доаѓаат на гости

Дали сме лоши родители ако на децата не им дозволуваме премногу време да поминуваат пред екраните?!

Никој не сака и не може да се расправа околу некоја одлука на родителите. Истото важи и за мобилните елефони. Но, што кога родителите ќе постават правила во својата куќа кои треба да бидат почитувани и од гостите? Родителите се со поделени мислења, но сепак, една креативна мајка е поддржана од страна на многу мајки ширум светот.

Имено, една мајка поставила строга политика во врска со тоа кога децата ќе дојдат на гости во нивниот дом. Тие го проверуваат секое дете кое доаѓа и ги тераат да ги остават своите телефони на влезот. Таа објаснува дека децата делуваат огорчено, но по одредено време се чини дека им е полесно. Почнуваат да се забавуваат, да играат и да танцуваат.

 

Многу родители ја поддржуваат оваа мајка затоа што сметаат дека екраните го спречуваат негувањето на односите. Секако, има и такви кои се против оваа одлука затоа што се плашат од помислата дека не ќе можат да го добијат своето дете на телефон.

Кои се вашите размислувања во врска со ова прашање?

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close