Дом и семејство
Внимавајте, овие собни цвеќиња се отровни за децатата и за домашните миленици
Азалеата може да наштети на кардиоваскуларниот систем на кучињата. Може да предизвика стоматитис, повраќање, дијареа, слабост, недостаток на вид, конвулзии и кома.
Можеби е тешко да се изберат растенија што се целосно безбедни. Не сите растенија претставува еднаков ризик и за луѓето и за животните. Африканските темјанушки, на пример, се сметаат за безбедни за луѓетото, но се наведени како токсични за животните.
Затоа, доколку имате мали деца и миленичиња дома, а сакате да купите собно цвеќе или растение, најдобро е најпрво да побарате стручен совет. Во меѓувреме, еве неколку корисни совети:
1. Ставете ги билките на места недостапни за децата и за миленичињата. 2. При украсување на градината и кога ги допирате растенијата, правете го тоа со ракавици или миете ги рацете почесто. 3. Редовно отстранувајте ги изумрените листови, цветови и другите делови од растенијата за да не паднат на подот и така да станат лесно достапни. 4. При наводнување на цвеќињата, доколку дојде до прелевање на водата на подот или слична површина, задолжително соберете ја и избришете ја.