Дом и семејство
Внимавајте, овие собни цвеќиња се отровни за децатата и за домашните миленици
Собните растенија се одлични за отстранување на токсините од воздухот и додавање на декоративен вкус во вашиот дом, но доколку имате деца и/или домашни миленичиња, бидете претпазливи во изборот на растенијата.
Нарцисот, перуниката, хортензијата, азалеата и момината солза цветаат и сите тие претставуваат ризик и за децата и животните кои можат случајно да ги внесат.
Многу растенија може да бидат опасни или смртоносна за малите рачиња и љубопитните носиња, но лилјаните (особено момината солза) се меѓу најлошите виновници, делумно затоа што се популарен избор во многу домови. Во Америка, центрите за контрола на труење годишно примаат околу 46.000 повици за потенцијално труење од растенија.
Според ветеринарите, мачките најчести се трујат од лилјаните, додека кучињата од саговата палма – но, поретко. Лилјаните може да предизвикаат бубрежна слабост и смрт кај мачките.
Премини на следната страна >>