Рецепти

Со состојките од фрижидерот направете чудо: Кремаст колач за кој ќе потрошите само 20 минути (Рецепт)

Ако имате едно јајце и свежо овошје, тогаш овој рецепт нека биде вашиот денешен избор.

Во период кога ги чувствуваме летните горештини, сите сакаме брз и сочен десерт кој ќе не’ освежи и притоа ќе ги задоволи нашите сетила. Послужете го овој лесен десерт после ручек или кога ќе ви дојдат гости, затоа што се прави навистина лесно, а сите состојки ги имате во вашиот дом.

Потребни состојки:

1 јајце, 60 грама шеќер, 75 милилитри млеко, 60 милилитри зејтин, 125 грама брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 200 милилитри слатка павлака, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 грама крем сирење, 200 грама јагоди, чоколадо

Начин на подготовка: Изматете го јајцето со шеќерот, па додајте млеко, зејтин и брашно со прашокот за печиво. Матете после секое додавање. Ставете ја смесатав о калап со димензии 27х15 сантиметри, обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени околу 15 минути. Изматете ја слатката пвлака со ванилин шеќер, па додајте го крем сирењето и сето тоа соединете го. Распоредете ја смесата врз пандишпанот, па одозгора ставете ги сечканите јагоди и чоколадо.

Добар апетит!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close