Градинка

Што чувствува бебето во вашиот стомак кога се смеете? Среќата и здравјето навистина се поврзани!

Сте се запрашале ли некогаш што чувствува бебето кога се смеете во текот на бременоста?

Физички, кога се смеете, вашето бебе скока горе-долу. Но, како што се покажало, среќата и позитивноста на бремените жени нудат многу користи, многу повеќе отколку што можете да замислите.

Докторката Калил Хофман, истражувајќи го пренаталното ментално здравје, вели дека мајките со позитивен став, со помалку анксиозност, повеќе радост, имаат бебе со ниско ниво на анксиозност и зголемена способнсот за соочување со стрес.

Всушност, претераниот пренателен стрес може дури да го обликува детскиот темперамент подоцна во животот, а според една студија, децата би можеле да бидат склони кон депресија.

Мајчината среќа е добра и за двајцата. Постојаниот стрес може да го зголеми дури и ризикот од предвремено породување. Затоа, трудниците треба да настојуваат да го ублажат стресот, да медитираат и да пронајдат начин да си ја исчистат главата од негативни мисли и да го смират дишењето.

Освен тоа, постои и пренатална јога која е одличен начин да се опуштите, затоа што нежните вежби со истегнување и дишење може да го ублажат чувството на стрес.

Исто така обидете се доволно да се движите и да ги избегнувате негативните луѓе. Ако уморот е присутен кај вас во текот на денот, легнете си барем половина час, зашто и сосема малку сон е доволно за да ја намалите количината на насобран стрес.

Како што вели старата изрека: Смеата е најдобриот лек за се’!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close