Градинка

Самостојно дете – мали трикови кои ќе ви помогнат многу

Поголем дел од родителите немаат самостојни деца...

Сигурно помеѓу вас има личности кои не успеваат да се истушираат или да отидат во тоалет на мир. Дадилките чинат пари, а немате до вас ниту баба и дедо кои ќе ви бидат од голема помош…. Се обидувате на детето да му објасните некои работи, но едноставно не ви оди од рака. Затоа, обидете се детето да го направите посамостојно, а во продолжение ви нудиме неколку совети за да го постигнете тоа.

Искористете ја својата имагинација и „поставете сцена“ на која вашите малечки би си играле со задоволство во улога на самостоен член на семејството. На пример, направете им ја достапна облеката која сакаат да ја носат, па дозволете им самите да ја дофатат и да се подготват кога треба да излезете надвор. Исто така поставете ебзбедни и стабилни столови на кои малечките може да се качат самостојно и да земат нешто што им треба. Тоа е најчесто во спалната соба.

Исто така за поголемите деца кои знаат да читаат, можете да поставите и налепници каде што ќе им запишете каде стојат некои нивни потребни работи. На тој начин детето ќе се чувствува сигурно зашто ќе знае дека може да се потсети каде му е омилената блуза, ужинката, топката…

Многу е важно да му дозволите на вашето дете да ги прави секојдевните работи без ваша помош. Така, не само што ќе му помогнете на детето да се чувствува добро и гордо, туку и ќе го научите дека не треба родителот да прави се’ за него. Можеби мислите дека е претерано ако го правите ова, но сепак, на вашето дете му правите голема услуга, а вие ќе можете да уживате во моментите за себе.

Доколку му дозволите на детето самостојно да извршува некои работи, ќе го гледате како расте во посигурна личност која е независна од другите. Со ова сите во куќата ќе имате поголема слобода, но и повеќе време за себе и за сопствените мисли, што понекогаш е луксуз.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close