Градинка

Ваквата рутина кај децата е основа за успех во животот

Науката покажала дека утринските ритуали се од особена важност за децата.

Науката открива дека децата најдобро се подготвуваат за успешна иднина според нивните утрински ритуали. Многу студии покажале дека децата кои доаѓаат од семејства во кои се почитувала рутината, емотивно се поздрави и поприлагодливи од децата кои немале правила. Еве што подразбира утринската рутина.

Добар сон и добар појадок

Психолозите тврдат дека денот најдобро почнува со добар, хранлив појадок, а завршува со добар сон. Појадокот е важен за старт на секој ден. Потрудете се вашите деца да го сфатат ова. Укажете им на значајноста на појадокот, а притоа, важно е да бидете упорни и доследни на ритуалите кои ќе ги поставите, како што е облекувањето, миењето заби и местењето на креветот. Доследноста е многу битна, затоа што така тие секогаш може да знаат што да очекуваат, бидејќи се’ ќе им биде базирано на ритуалите.

Доследноста е клучна

Психолозите тврдат дека доследноста ја зајакнува сигурноста кај децата, затоа што знаат што се случува околу нив и што може да очекуваат. Доследноста исто така им помага на децата да бидат независни. Кога не’ набљудуваат нас возрасните, децата имаат потреба да ги имитираат нашите постапки,а рутината е една добра постапка. Имитацијата ја поттикнува независноста која многу се цени, затоа што придонесува за градењето на самодовербата.

Табла со список на обврски

Кога ќе ги изнапишете сите обврски на табла, тие стануваат допирливи и вистините. Дури и вашите деца да не знаат да читаат, можете да им ги прочитате нивните обврски и тие ќе се водат според тој список. Сите нам ни здосадува да бидеме папагали кои повторуваат едно исто. Затоа, честото менување на списокот ќе ги направи децата позаинтересирани.

Динамичен утрински ритуал

Утринската рутина треба да биде енергична и динамична, да го поттикне ритамот на денот. Некои деца се будат полни со енергија, додека на некои им треба повеќе време за да се разбудат. И за едните и за другите, одлично е да воведете контролирана динамика, нешто што ќе ги насочи и ќе ги подигне оние кои тешко се будат. На пример, за оние кои тешко се будат направите игра така што вие ќе бидете волшебник кој ќе фрли магичен прав и ќе ги размрди нозете и рацете на децата.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close