Градинка

Родители, еве како детето да ве послуша уште од првиот пат кога ќе го замолите нешто

Постојаното повторување на една реченица не е добро ниту за вас, ниту за вашето дете.

Многу често родителите се нервираат зашто нивните деца не ги слушаат кога од нив ќе побараат нешто. Може да повторите едно нешто и дваесет пати, а тие повторно да се преправаат дека не ве слушаат.

Така, некои родители мислат дека детето не ги почитува доволно, а со текот на времето ова станува доста исцрпно. За среќа, постојат неколку начини на кои можете да се обидете да комуницирате со вашето дете и притоа да видите дали ќе ве послуша уште од првиот пат кога од него ќе побарате нешто.

Повторувањето не успева од неколку причини, а една најважна е тоа што самото повторување на детето му испраќа порака дека не треба да ве послуша од првиот пат.

Се прашувате што да направите? Еве што ви предложуваме.

Почекајте додека не го добиете вниманието од детето

Пријдете му на детето, почекајте да го доврши она што го прави и ставете ја вашата рака на неговото рамо. Остварете контакт со очите. Кога ќе му го насочите вниманието, поставете го барањето.

Детето се’ уште може да каже не, но сега не може да се преправа дека не ве слушнало. Многу е потешо да се занемари некој кој ви гледа директно во очите.

Земете пауза

Лесно е да трчате и од детето да барате нешто да изврши, додека паралелно вие се занимавате со уште три задачи по дома. Но, не брзајте и не скокајте од една обврска во друга. Застанете, изговорете го името на детето и кажете му што сакате да направи.

Погледнете го во очи и почекајте додека не ви одговори. Неговата мала глава не ги обработува работите со иста брзина како и вие.

Откако ќе ве слушне детето, барајте потврден одговор

Понекогаш детето може да ве чуе и можеби планира да го направи она што сте му го рекле, но само да заврши со она што самиот работи. Но, нема ни реакција, ни одговор. Нема контакт со очите и нема „да мамо“. Затоа, замолете ги да ви дадат одговор. Може да ги замолете да кажат „да мамо“ или едноставно „во ред“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close