Градинка
„Остави ме на мир“ – оваа и неколку други реченици НЕ смеете да им ги изговарате на децата
Нешто што ви се чини сосема обично, за децата може да значи многу.
Секој родител барем еднаш има кажано нешто за што се покаел, зашто детето било луто, повредено или збунето. Експертите тврдат дека зборовите оставаат длабоки траги, многу поголеми отколку што некои луѓе воопшто помислуваат. Ви прикажуваме неколку реченици кои не смеете да му ги кажете на детето, затоа што на него влијаат демотивирачко.
Побрзај, премногу си бавен
Кога наутро детето се облекува за училиште, тоа може да биде премногу бавно. Но, притисокот за да побрза е погрешно. Иако доцни, не го зголемувајте тонот и не му заповедајте на детето, затоа што со тоа нема дополнително да го мотивирате. За да го забрзате, предложете му некоја игра.
Остави ме на мир
На секој родител му треба време за одмор. Сепак, не би требало да му кажете на детето дека ви пречи. Децата сакаат да бидат признати, па тоа може да им пречи. Одговорте им на пристоен начин, дајте им задачи кои одговараат за нивната возраст и притоа одморете се.
Зошто не можеш да бидеш како твојот брат/твојата сестра?
Природно е да ги споредувате своите деца, но не би требало да дозволите да ве слушнат. Со тоа поттикнувате нездрава конкуренција и децата може да не се чувствуваат доволно добро.
Јас ќе го довршам тоа
Природно е да сакате да му помогнете на детето да заврши нешто, зашто не сакате да го гледате тажно. Но, ако прерано започнете со нудење помош, може да ја нарушите неговата независност.