Градинка

Растењето со куче може да ги подобри здравјето и среќата на детето

Домашните миленици играат голема улога во животот на едно дете.

Живеењето со домашно милениче може да има големо, специфично влијание, во зависност од добата и потребите на детето.

Кучињата се многу симпатични суштества – развиваат длабока поврзаност со своите сопственици, честопати не’ учат за дружење и љубов, повеќе отколку што можете да очекувате. Но, кучињата покажуваат и посебна приврзаност кон децата, па би отишле и километри подалеку за да ги заштитат под секоја цена.

И сега, едно истражување сугерира дека растењето со куче може да има позитивно влијание на детското здравје и среќа.

Според студијата, децата кои живеат со кучиња (или мачки) се поздрави на повеќе начини: Се чини дека децата кои порано доаѓаат во контакт со кучиња, имаат помали респираторни заразни симптоми и болести и помалку примаат антибиотици. Соживотот со кучињата носи поголема отпорност на инфекции – а сличен резултат е и кај домашните мачки.

Раната социјализација со куче може да им помогне на децата да научат за нега и емпатија, одговорност и сочувство за живите битија. Се верува дека животните ја подобруваат емоционалната состојба на сопственикот и ја намалуваат веројатноста од стрес и тегоби, дури и кај децата.

Ако и вие сте растеле со домашно милениче во вашето детство, големи се шансите да знаете дека сето ова погоре наведено е вистина. Можеби е време тоа да продолжите да го правите и со вашите деца.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close