Бебе

Прва посета на бебето: Нема потреба да го допирате и бакнувате новороденчето

Педијатрите препорачуваат како треба да се однесувате во услови на пандемија.

Педијатарот Џована Армано објаснува кога е препорачливо да се оди во посета на мајката и новороденчето, зошто не смее да се бакнува бебето и кои се препораките за гости во услови на пандемија.

По породувањето и престојот во болница, најверојатно откако ќе се вратите дома и малку ќе се прилагодите, ќе ви се најават блиските роднини и пријатели за да ве посетат. Но, педијатрите препорачуваат кога мајката и бебето ќе се вратат од болница, пожелно е да биде со нив само најтесното семејство. Тоа значи таткото и браќата или сестрите на новороденчето.

Баба и дедо ако треба да помогнат околу новородениот член или ако живеат заедно, исто така се земаат предвид. Сите останати роднини и пријатели би требало да почекаат мајката да заздрави од породувањето, а бебето да се навикне на новата средина и да почне да напредува со тежина.

Кога ќе помине првиот и најчувствителен период, само здравите личности може да отидат во посета на мајката и новороденчето. Пожелно е децата кои посетуваат градина да не доаѓаат во посета, односно, ако сепак дојдат да не го гушкаат и бакнуваат бебето. Имено, тие деца се изложени на повеќе бактерии и вируси, иако на прв поглед се сосема здрави, вели педијатарот и додава дека во топлите месеци бебињата кои се здрави почнуваат добро да напредуваат на тежина, може да отидат порано на шетање, па за 2-3 недели евентуално може контактите со роднините и пријателите да бидат на отворено, во прошетка или на тераса.

Пред контакти со бебето, возрасните се предупредуваат задолжително да ги мијат рацете пред допирање на бебето, а особено не смеете да ги чепкате бебешките раце или нозе, за да не ги стави во уста.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close