Бебе

Прекрасни женски имиња кои значат „светлост“

Одберете посебно име за девојчето кое ќе носи светлина во вашиот живот.

Замислете во вашите раце ќерка која ќе ви се насмевнува на секој ваш поглед. Секоја нејзина насмевка ќе ви го разубави денот. Како да одберете доволно добро име за таква совршена насмевка? Бидејќи тоа малечко чудо во вашиот живот ќе носи светлина, одберете име во склоп со тоа – со посебно значење. Погледнете предлог имиња кои означуваат СВЕТЛОСТ.

Аурора

Ова е латинско име што значи зора. Римската божица на утрото се викала Аурора, а Дизни му даде посебна популарност на ова име со својата „Заспаната убавица“.

Елеонора

Ова е варијација на името Хелена, Елена, што во буквален превод значи светлост. Елеонора е вистинско ретро име, со доза елеганција и софистицираност.

Теа

Ова име има грчко потекло и значи божица. Покрај тоа, во грчката митологија, мајкат ана зората, сонцето, месечината, божицата на светлоста, исто така се викала Теа.

Зора

Арапското потекло на ова име значи баш тоа – зора. Не само што има посебно значење, туку е и наше старо име кое го носеле многу жени.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close