Бебе

Мајки признаваат што ги излудува откако се породиле

Родителството е голема промена.

Да не му е ладно на детето? Сигурно е гладно, па затоа постојано плаче. Зар се’ уште го доиш? Ова се само некои од прашањата кои ги излудуваат новите мајки.

Родителството е голема промена, како за мајките, така и за татковците. Борејќи се со јисцјрпеноста, многу нови мајки забележуваат работи кои почнуваат се’ повеќе да им пречат. Една од работите кои тие често ја спомнуваат се советите поврзани за храната и коментарите бебето да не е гладно.

Една мајка открива: „Кога сме кај храната, сите мајки делиме иста ситуација – ние сме многу чудни што нашите деца не знаат каков е вкусот на чоколадото или на смоките. И не сме нормални затоа што како мислиме дека нашето дете ќе порасне! Мојата мајка постојано сака да му дава на детето сок наместо вода.“

„Добив совет дека син ми ќе добие бронхитис затоа што на +35 степени надвор не му ставам чорапи и јакна“, вели друга мајка.

Мене ме нервира она: „Каде ѝ е капчето (а надвор ни в од ветер, ни с од сонце), да ѝ дохрана (првиот месец доби 1400грама), облечи ја, соблечи ја, топло ѝ е, ладно ѝ е, покриј ја…“

Секако, тука се и прашањата од типот зошто се’ уште го доиш, зошто не го доиш… Мора се’ да научи да јаде, но и мајчиното млеко е најубаво…

Коментарите никогаш не стивнуваат, затоа, правете како што вие мајките мислите дека е најдобро!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close