Градинка

Прекрасни совети кои мајките може да им ги дадат на своите ќерки

Ќерката е вистински благослов.

Кога ќе дознаат дека носат девојче, жените обично мислаат дека знаат што може да очекуваат, имајќи предвид дека и тие самите некогаш биле мали, па би знаеле што да ги посоветуваат своите принцези. Но, од совети никогаш не е доста, па затоа во продолжение ви прикажуваме неколку прекрасни кои веруваме дека ќе им бидат од корист на мајките кои имаат девојчиња.

1. Сакајте го своето тело, за и вашата ќерка да може да го сака своето.

2. Зборувајте им на вашите ќерки дека се паметни, исто толку колку што им кажувате дека се убави.

3. Уживајте во заедничките моменти и на вашите малечки пружете им ја потребната поддршка, за еден ден да можат самите да ги рашират своите крилја и да полетаат во вистинската насока.

4. Зборувајте им дека ќе се чувствуваат поубаво и дека ќе бидат посреќни ако ги поддржуваат и им помагаат на своите другарки, а не да им завидуваат.

5. Охрабрете ги да бидат самостојни и независни. Охрабрувајте ги да ги остварат своите лични интереси.

6. Бидете силни и научете ги како да бидат самоуверени. Научете ги да се почитуваат себеси, но и другите, без оглед на пол, раса, вера.

7. Најпрво бидете мајка, а потоа пријателка. Сите сакаме да бидеме блиски со своите деца, но не значи дека треба да се вратиме во детството и да ги правиме истите работи.

8. Секогаш оставајте им избор. Тоа ќе ве спаси од главоболки, а ним ќе им помогне да бидат самостојни и независни жени кои знаат што сакаат од животот.

9. Едноставно – сакајте ги, прегрнувајте ги што почесто и уживајте со своите принцези!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close