Градинка

Педијатрите предупредуваат: Овие 4 работи не смеат да се најдат во детската соба

Уредувањето на детската соба не е детска игра...

Кога станува збор за уредување на детската соба, тешко е да се одолее на оние преслатки играчки и декорации, но, пред се’ детската соба треба да биде сигурен и удобен простор, нагласуваат педијатрите. Според експертите, постојат некои работи кои никако не би требало да ги држите во детската соба.

Телевизор

Истражувачите откриле дека децата кои имаат телевизор во својата соба, речиси пет часа повеќе гледаат телевизор дневно од оние кои го немаат. Претераното гледање телевизор носи лоши навики, когнитивни и развојни пореметувања, а пореметување и на спиењето.

Нестабилен и тежок мебел

Мебел кој не е прицврстен за ѕидот, не би требало да се наоѓа во детската соба. Експертите предупредуваат дека детето може да го преврти тешкиот стол, ормар или друго парче мебел и да се повреди. Остри кругови, лошо обработено дрво, исто така се сметаат за опасни. Избегнувајте и тешки уметнички дела, огледала и кршливи работи.

Одредени растенија

Иако собните растенија му даваат свежина на просторот во кој се наоѓат, некои од нив се отровни за малите деца. Пред да го внесете растението во вашиот дом, проверете дали е опасно за детето, дали е алергично на него и поставете го надвор од негов дофат.

Гласни играчки

Секое дете во одредена фаза ќе посака гласна играчка, но тоа не е нешто што педијатрите би го ставиле на листата на сигурни предмети. Причина? Многу гасните играчки може да придонесат за губење на слухот, посебно кај новороденчињата. Една студија открила дека некои популарни играчки може да предизвикаат оштетување на слухот во рок од 15 минути по употребата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close