Градинка

4-годишно девојче со прекрасни фотографии ја прослави победата над ракот

Фотографии кои воедно значат поддршка за другите!

Постојат многу работи на кои се подготовуваат нови родители и оние кои наскоро ќе станат. Се подтовуваат на тоа дека нема да имаат многу време за спиење, дека еден ден нивните деца ќе мора да одат в училиште, на факултет, а некои сонуваат и за денот кога нивните деца ќе се оженат/омажат.

Како и да е, многу родители се соочуваат со убави работи, но има и моменти кога некои од нас треба да се соочиме со многу тешки денови.

Во март 2020 година, едно семејство се соочило со нешто незамисливо – на нивната убава и насмеана 4-годишна ќерка Лили Бет, ѝ бил дијагностициран рак. По посетата на лекар, било кажано дека девојчето има тумор на бубрегот, се наоѓал во втора фаза, па уште веднаш одлучиле да почнат со агресивна терапија, а тоа значело отстранување на туморот, но и на бубрегот.

View this post on Instagram

She did it!!! CANCER FREE 😭🧡😍

A post shared by Kristin Bowden (@kris_bowden) on

По неверојатно тешката операција за тоа мало тело, оваа храбра девојка се соочила дури со 13 хемотерапии во само 22 недели, и сето тоа го поминала со насмевка на лицето.

Нејзианта сила, храброст и позитивност допреле до сите, а во знак на прослава за победа над ракот, семејството одлучило да направи фотографии кои го заобиколија светот и станаа вирални, со надеж и поддршка за сите други.

View this post on Instagram

She did it!!! CANCER FREE 😭🧡😍

A post shared by Kristin Bowden (@kris_bowden) on

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close