Градинка

Науката потврдува: Браќата ви помагаат да израснете во подобри личности

Неколку важни причини кои покажуваат зошто е добро да се има брат.

Ако имате брат, тогаш сигурно веќе знаете колку сте среќни! Браќата се овде кога ви треба рамо за плачење, кога ви треба помош или другар. Истражувањата покажуваат дека постојат повеќе предности за девојчињата кои ја имаат таа среќа да израснат со брат. Еве неколку причини зошто е добро да се има брат.

Братот може да ве направи подобра личност

Едно истражување од 2014 година покажало дека растењето со брат ве прави повеќе сочувствителни. Истражувачите откриле дека блиската врска со братот исто така го унапредува и алтруизмот кај тинејџерите.

Братот може да го намали нивото на стрес

Кога вашиот брат воедно ви е и еден од најдобрите пријатели, најверојатно ќе чувствувате помала количина стрес. Едно истражување од 2011 година открива дека времето поминато со машки пријатели го намалува нивото на кортизол. Со други зборови, вашиот брат ви помага да се смирите кога се’ околу вас ви изгледа хаотично.

Братот може да ви го подобри здравјето

Ако вашиот брат се храни здраво, големи се шансите да ги делите неговите навики. Половина испитаници од истражувањето откриле дека нивното семејство имало најголемо влијание на здравјето и стилот на живот.

Кажете му на вашиот брат дека го сакате, гордејте се со него!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close