Кафе муабет
Овие хороскопски знаци ќе почувствуваат магична енергија до крајот на оваа година
Бранови силни и големи емоции...
Само еден ден пред дочекот на новата година не’ очекува полна месесична. Со оглед на тоа дека е позиционирана во знакот на Рак, ни носи силни и големи емоции. Во овој период ќе бидете по малку чувствителни, но и нежни кон себе, па многу рани на душата би можеле да ви бидат излечени.
Бик
Преку разговор со драги личности, вие ќе успеете да се ослободите од емотивниот терет. Ќе ги зајакните емотивните врски, па ќе се чувствувате сакано, заштитено и ќе бидете поттикнати на позитивни промени.
Во 2020 имавте многу предизвици, но сега во својот распоред на активности внесете убави случувања, како дружења со пријатели, забава и медитација.
Лав
Полната месечина од вас бара малку да забавите и да се опуштете. Нејзината светлост ви ги осветлува скриените делови од вашата душа. Дајте си слобода, а тоа најдобро ќе го постигнете по пат на медитација, топла бања и запишување на своите соништа и амбиции. Овие техники може да бидат корисни за обновување на духовната енергија.
Девица
Драги Девици, оваа полна месечина ќе биде лековите за вас, затоа што го осветлува полето на вшаето пријателство и плановите за иднината. Природно сте ориентирани на своите намери и желби, а ве следи и енергија полна со оптимизам и нова надеж. Ќе имате потреба да се поврзите со своите пријатели или да направите нешто убаво за општеството. Не плашете се од брановите љубов кои ви доаѓаат и слободно отворете го своето срце.