Кафе муабет

Долго време молчевме а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа – ПЕЈАЧКАТА АНТОНИА ГИГОВСКА КАЖА ,,ДА’’ И СПОДЕЛИ ДЕКА Е БРЕМЕНА

Умирам од среќа...си славам роденден, бебче, прстен, се’...

Антониа Гиговска, девојчето кое го гледавме на ,,Пинкови ѕвездички’’ порасна во вистинска убавица која денес има агенда полна со настапи ширум државата.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

Гиговска е девојка која има со што да се пофали и кога станува збор за талентот за пеење и кога станува збор за физичкиот изглед. Таа на социјалните мрежи секојдневно објавува нови фотографии, со необичен и шок стајлинг, а на секоја од нив зрачи со убавина и уникатност во се што прави.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

Младата и талентирана пејачка ги изненади своите фанови кога објави дека ослабе дури 25 килограми и сега изгледа подобро од било кога.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

Таа периодов беше актуелна во јавноста после раскинувањето на врската со вокалот на групата Либеро бенд, Иван Јованов, со кого пејачката живееше заедно подолго време.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

После раскинувањето, Антонија за Бекстејџ сподели дека сепак останале во добри односи со Иван, а на тоа даде реплика и поранешното момче, ,,Секој по својот пат, ќе останеме пријатели, се следиме и на Инстаграм’’, кажа Иван за Бекстејџ.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

Гиговска музичката кариера ја започна во шоуто ,,Пинкови ѕвездички’’, каде го освои жирито со својот специфичен глас и вокални способности. Стручното жири имаше само пофални зборови за неа.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

Денеска во јавноста одекна веста дека пејачката го кажа своето судбоносно ,,да’’, а воедно таа сподели и дека е бремена.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

,,Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.

Малечко мое, отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно.’’ – напиша Гиговска под фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

,,Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа, си славам роденден, бебче, прстен,сееее’’ – додаде пејачката очигледно возбудена за сите настани кои и’ се случуваат.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

Антониа и Ивана раскинаа пред само неколку месеци. Кој е новиот избраник на пејачката не е наведено со име и презиме.

На сликите можеме да видиме среќен дечко кој позира со тестот за бременост во уста.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

Епа, дечки нека Ви е со среќа!

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close