Бебе

Одличен трик: Најдобриот начин да му дадете сируп на вашето бебе

Можеби токму овој трик ќе ве спаси од тоа бебето да не го плукне сирупот.

Една мајка на својот профил на Фејсбук споделила објава како успеала да му даде сируп на своето бебе. Нејзиниот трик ги воодушеви родителите ширум светот.

Кога се разболел нејзиниот син и морал да пие сируп за симнување на температурата, мајакта Хелен Ли имала проблем како да му го даде лекот на бебето, а да не го плукне. По неколку неуспешни обиди, таа пронашла начин: ставила шприц со лекот во детското шишенце, односно кај капачето за цуцлата.

Овој трик може да ве поштеди од многу солзи, па добро е да го споделите и со другите мајки кои имаат мали бебиња.

Откако ја споделила фотографијата каде што го дава лекот на бебето, нејзиниот трик стана популарен, а родителите ширум светот ѝ упатија пофалби, но исто така ѝ изразија и благодарност за овој корисен трик.

Неколку совети плус:

  • Избегнувајте да користите лажичка која вообичаено ја користите за јадење.
  • Пробајте да го залажете бебето со некој цртан филм, песна или нешто друго што знаете дека може да му го одвлече вниманието, а потоа набрзина шприцнете го лекот, па дајте му вода или чај
  • Не давајте му лек на бебето додека целосно лежи, за да не дојде до гушење
  • Секогаш консултирајте се со лекар, не земајте ништо на своја рака!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close