Uncategorized

Неколку реченици кои можете да им ги кажете на ќерките, освен „убава си“

Изгледот не треба да биде фокусот.

Секако дека на своите деца треба да им зборувате колку се прекрасни, но, изгледот не треба секогаш да ви биде во центарот на вниманието. Тешко е да се изберат најдобрите зборови упатени кон децата и некогаш многу треба да размислувате.

Постојат неколку фрази кои можете да им ги кажувате на вашите ќерки уште од најрана возраст, преку нејзиниот развој и детството. Секако, одредени денови ќе користите одредени фрази. Некои ќе ги употребувате повеќе пати на ден, а некои поретко.

Наместо да ѝ кажете на вашата малечка дека е слатка или многу убава, користете некои од овие фрази преку кои ќе се фокусирате на тоа да погледнете подлабоко од физичкиот изглед, до нејзианта интелигенција, способност и срце.

1. Способна си да го промениш светот.

2. Имаш прекрасна душа.

3. Биди своја, без оглед на се’.

4. Твоето срце е полно со љубов.

5. Силна си.

6. Ти си ни се’ на светот.

7. Благодарни му сме на Бога што те имаме.

8. Имаш најдобра смисла за хумор.

9. Многу си сакана.

10. Прекрасно се гушкаш.

11. Одлично го направи тоа!

12. Способна си да поместуваш планини.

13. Имаш неверојатна имагинација.

14. Горди сме на тебе.

15. Прекрасно се смееш.

Не чувајте ги овие реченици само за домашните. Споделете ги и со малите во училиште, со оние со кои се дружат, со децата во паркот. Колку повеќе ги споделувате, толку подобра ќе им биде иднината на нашите девојчиња, па и на светот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close