Uncategorized

Исплива нова шокантна снимка од монструозниот убиец од Младеновац – жртвите на возраст од 15 до 25 години!

Цела Србија ја зави во црно...

Како што пишуваат српските медиуми, на Урош Б. осомничен за убиството на осум лица, идол му бил Кристијан Голубовиќ.

Монструозниот убиец што усмрти осум лица во близина на Младеновац и рани уште 13, уапсен е утрово по полициската потера во близина на Крагуевац.

Како што објавија медиумите од соседството, масовниот убиец бил близок со поранешниот учесник во ријалито „Задруга“, Н. Ѓ, а сега исплива снимка од социјалната мрежа Инстаграм која повеќе ја нема на неговиот профил, а на која убиецот самиот себеси се нарекува „мал Кристијан“.

Како што може да се заклучи, на Урош идол му бил поранешниот робијаш и дилер Кристијан Голубовиќ, кој исто така беше учесник во реалните шоуа и кој своевремено беше осудуван на повеќегодишни затворски казни.

Фото: социјални мрежи

„Што е ова, мал Кристијан“, се опишува себеси масовниот убиец од Младеновац.

Фото: социјални мрежи

На снимката се гледа како Урош се бања во ледено езеро и зборува дека е малечок Крисијан Голубовиќ, поранешниот робијаш кој му е идол.

„Што е ова? Малиот Кристијан, а? Малиот Кристијан?“ зборува тој на снимката која што кружи на социјалните мрежи,

Фото: социјални мрежи

На неговиот профил на Инстаграм тој се претставува како жестоко момче.

Неговиот налог на оваа социјална мрежа е изгасен по масакрот, но снимката повторно е објавена на друг профил со негово име.

Фотографија од апсењето, МУП Србија

Потсетуваме, напаѓачот Урош Б кој пукаше во селото Дубона, а потоа и во Мал Орашај и Шепшин ја зави цела Србија во Црно.

Тој најпрво пукаше во селото Мал Орашај и уби петмина, а потоа уште тројца во Дубона, пукајќи без никакви причини во нив.

Тој пукаше во школски двор каде рани повеќе лица, а според мештаните, тој испукал повеќе од 100 куршуми.

Во Дубона кај Младеновац е убиен полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25) Во друга област Смедерево починал М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close