Градинка
Неколку работи кои бабите и дедовците НЕ би смеело да ги прават
Што не би смееле да прават бабите и дедовците кога се сами со внуците?
Една мајка направила попис на неколку работи кои бабите и дедобвите не би требало да ги прават кога се сами со внуците. Во продолжение ви прикажуваме дел од нив.
Не ги хранете децата со секакви слатки работи
Од неколку причини, куќата на бабите и дедовците се полни со слатки работи. Се работи за толкава количина шеќер, што кога родителите доаѓаат по децата, наоѓаат мали чудовишта полни со енергија, а не своите деца кои ги оставиле.
Не мора телевизорот цело време да биде вклучен во позадина
Телевизорот речиси секогаш е со покачен глас, при што и не е веќе во позадина, а ако децата продолжат често да гледат во екранот, ќе се претворат во зомби.
Не дозволувајте им да гледаат што било
Затоа што може да гледаат убиства, серии каде што има насилство…
Времето за спиење не треба да биде 2 часа по одреденото време за спиење
Времето за спиење треба да биде одредено, а секое пречекорување не е добро. Гледање филм или правење палачинки, уште малку игра… сето тоа треба да биде одложено откако ќе се наспијат децата.
Не дозволувајте им да ги пропуштат обврските додека се кај вас
Знам дека мислите дека можеби е само денес и дека децата заслужуваат одмор и дека нема да им биде ништо ако не вежбаат математика или не читаат книга еден ден, но верувајте, со тоа не им правите ништо добро. Работите не се менуваат само затоа што децата после училиште дошле кај вас.