Градинка
Угледен психолог предупредува: Не водете ги децата на плажа без костим за капење!
Педофилите бараат места каде што им се достапни децата.
Освен плажите, на педофилите им се достапни и социјалните мрежи, на кои, верувале или не, дури 77% од родителите објавиле снимки од голи или полуголи деца.
Според психолозите, педофилите бараат места каде што им се достапни децата, ако не за физички контакт, тогаш за послужување со нивните фотографии или видео снимки, со оглед на тоа дека децата им будат сексуално возбудудвање.
Нажалост, во многу случаеви родителите им го „сервираат“ тоа на дланка. Имено, истражувањата покажуваат дека родителите во просек на социјалните мрежи годишно објавуваат 195 фотографии од своите деца. Дури 77% од нив објавуваат снимки на голи или полуголи деца. На таа алармантна бројка предупредува и проф. доктор Гордана Булјан Фландер, која им апелира на родителите никако да не ги водат децата на плажа без костим за капење.
„Некогаш, фотографиите од мали деца на плажа без костим за капење беа вообичаени, затоа што не го знаевме она што го знаеме денес. Денес, кога знаеме многу работи, треба да ги заштитиме децата! Кога еднаш ќе поставиме на интернет таква слика или видео од детето, невозможно е да контролираме каде ќе заврши таа слика или тоа видео.
Честопати ги прашува родителите како би се чувствувале тие некој да ги земе нивните стари фотографии од албумот додека биле деца и кога биле фотографирани голи, па тие да им ги покажуваме на различни луѓе на улица.
Не би се чувствувале добро, како што најверојатно и нивните деца не би се чувствувале добро со тие слики кога ќе пораснат. Тоа и не е занемарлив пробле, а многу родители не се ни свесни. Кога на предавањата ќе го споменам податокот дека родителите во просек годишно објавуваат 195 слики од своите деца на интернет, тоа предизвикува неверување помеѓу публиката“, вели професорката.
Сексуалните злоупотребувачи на деца имаат 4 типични карактеристики:
1. Сакаат да бидат во друштво на деца, сакаат деца, емоционално задоволство им е да се дружат со деца.
2. Сексуалните потреби не можат да ги задоволат во однос со други возрасни личности, иако 52% од нив се во брак.
3. Може да имаат физиолошка реакција поттикната и од самото присуство на детето или со самиот поглед на фотографија или видео од деца кои ги возбудуваат, без оглед дали детето е облечено или не, или со самото фантазирање за тоа дете.
4. Користат алкохол или дрога за да се охрабрат да го направат она што го сакаат, а е спротивно на општествените норми. Алкохолот и дрогата всушност им ја намалуваат контролата на однесување.
Кога зборуваме за сексуалното злоставување на деца, луѓето обично мислат дека се работи за девојчиња или деца во пубертетска возраст. Но, професорката предупредува дека сексуалните злоставувачи на деца се возбудуваат на наивно и невино.
Така, колку се децата помали, толку им се попримамливи на педофилите. Колку се помлади, толку нивните голи фотографии и видео-снимки на пазарот се повредни и повеќе побарувани.