Градинка

Не постојат совршени родители, но некои постапки може да ви помогнат да одгледате успешни личности

Не постои Нобелова награда за родителство.

Секој родител има надежи и сонови за своите деца. Им посакува здравје, среќа и успех. Исто така, родителите во себе носат и одредени стравови: дали нивното дете ќе биде сигурно? Дали ќе ја најде својата цел и исполнет живот? Дали ќе се снајде во светот кој станува се’ побрз, натпреварувачки настроен и понекогаш многу опасен?

Не постои совршена и волшебна формула за воспитување деца, но сепак, постојат пет клучни работи на кои можете да се посветите: доверба, почитување, независност, соработка и љубезност.

Доверба

Во целиот свет довербата е во криза. Родителите се плашат, при што и нашите деца се плашат да бидат она што се, да преземат ризик и да ѝ се спротистават на неправдата. Довербата мора да започне од нас. Кога сме сигурни кога донесуваме одлука како родители, можеме да имаме доверба во своите деца и да ги направиме важните и потребни чекори за да ги изградиме како силни и незаивнис личности.

Почитување

Основното почитување кон децата го покажуваме на тој начин што ја признаваме нивната самостојност и индивидуалност. Секое дете е талентирано, тоа е дар на светот, а наша одговорност, како родители, е да го чуваме тој дар, каков и да е. Тоа е сосема спротивно од зборувањето на децата какви треба да бидат, кое занимање да го одберат, каков живот да водат. Треба да ги потпираме и да ги мотивираме да го пронајдат она што навистина го сакат и да ги остварат своите замислени цели.

Незаивност

Незаивноста се заснова на силни темели на доверба и почит. Децата кои рано учат да бидат независни, ќе бидат поодговорни и поподготвени за соочување со предизвиците кога ќе пораснат. Исто така ќе бидат поспособни да измислуваат нови работи и да бидат креативни.

Соработка

Соработката значи заедничка работа во семејството, во училницата или на работното место. За родителите, таа значи охрабрување на децата да донесуваат одлуки и да си воведат самите некој ред. Не би требало да им кажуваме секогаш на нашите деца што да прават, туку да ги прашуваме за мислење и заедно да бараме решение.

Љубезност

Чудно е, но вистиниот, дека кон оние кои ни се најблиски, најмалку покажуваме љубезност каква што им нудиме на непознатите. Родителите ги сакаат своите деца, но добро ги познаваат, па честопати сметаат дека основната љубезност се подразбира. Вистинската љубезност вклучува заблагодарување и подготвување за простување, служење на другите и свест за светот надвор од нас самите. Важно е на децата да им покажеме колку добро се чувствуваме кога ќе помогнеме некому.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close