Градинка

Не присилувајте го детето да се извини, туку направете ги овие работи

Како да израснете дете кое знае навистина што значи да се извини?

Сите луѓе, па така и децата – грешат. Важен дел од одгледувањето пристојни, љубезни и добро израснати личности е и учењето на децата како да се извинат тогаш кога ќе погрешат или ќе повредат некоја личност, намерно или случајно.

Но, малите не можат веднаш да го сфатат овој концепт. Детето може нема во целосност да сфати што направило погрешно, но со своето однесување вие како родител може да го поттикнете да стане свесно за тоа што згрешило и да се извини на начин на кој најмногу одговара.

Во продолжение ви прикажуваме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да постапите на правилниот начин.

Посветете се на ситуацијата

Наместо на детето да му кажете веднаш да се извини, објаснете му што се случило и како се чувствува другото дете, секако, со зборови кои може да ги разбере. Ако земал некоја играчка од другарчето, кажете му дека не треба да го прави тоа и дека треба да праша за играчката на убав начин, односно, дали може да ја позајми.

Бидете му поддршка

Кога детето навистина ќе се чувствува виновно поради она што го направило, дозволете му своето жалење да го искаже на вистинскиот начин. Секако може да му дадете некои предлози, но детето мора да се чувствува угодно во она шго го прави.

Дајте му до знаење дека се сложувате со начинот на кој покажува дека жали за она што го направил.

Бидете му пример

АКо неколку пати сте се обиделе да го поттикнете детето да се извини, но не го прави тоа, тогаш вие извинете се во негово име. Кажете му на неговиот пријател чија е играчката и дека жалите поради тоа што го направило вашето дете и додајте дека не сте сигурни зошто го направил тоа.

Задолжително кажете дека за тоа ќе разговарате со вашето дете. Вашиот чин ќе биде доволен за децата повторно да може да си играат.

Бидејќи вашето дете на возраст од 2 години сигурно нема да се извини, можеби би било покорисно да се обидете со други зборови. Може да кажете на пример: „Помогни му на своето другарче да се чувствува подобро, утеши го“ или пак „Што би можеле да направиме за твоето другарче да престане да плаче?“

Поучувањето на децата на емпатија или разбирање на она што другото дете го чувствува е вистинкиот чекор до искрено извинување.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close