Кафе муабет

Научно докажано: Сестрата ве прави подобри личности!

Кој има сестра е навистина благословен.

Науката покажува дека постојат многу бенефити за децата кога имаат сестра, иако можеби во овој момент се сетивте на сите оние кавги со вашата сестра. Но, дури и кавгите може да поттикнат здрав развој.

Сестрата е важна за менталното здравје

Ви треба помош? Повикајте ја вашата сестра! Едно истражување од 2010 година покажува дека сестрата може да го поттикне вашето ментално здравје и самопочит. Научниците откриле дека сестрите помагаат и штитат од самотија, недостаток на љубов, себичност и страв. Исто така, во подоцнежните години во животот, кога родителите повеќе ќе ги нема, тие ги држат семејните односи.

Ве прават сочувствителна личност

Исто така истражувањето покажува дека сестата може да ви помогне да станете пољубезни, да пружите помош и да давате поддршка. Тоа е затоа што тие го поттикнуваат позитивното однесување, како што е сочувствувањето и алтруизмот, затоа што ја покажвуаат својата љубов и наклонетост. Силата на ова влијание не е врзана за односите со родителите.

„Дури и ако малку се караат, се’ додека има љубов, односите ќе бидат позитивни. Ако браќата и сестрите се караат, мора да ги регулираат емоциите. Тоа се вештини кои ќе им бидат важни подоцна во животот“, објаснува авторката на истражувањето.

Сестрата учи за независност, амбиции и рамнотежа

Едно друго истражување, пак, покажало дека личностите кои растат со најмалку една сестра се поодлучни и понезаивсни од оние кои растеле само со брат. Сестрите им помагаат на браќата и сестрите да постигнат внатрешен мир. Од друга страна, би биле посреќни и пооптимисти од своите колеги.

Зошто сестрата, а не братот?

Сето ова има врска со изразувањето на емоциите. Жените ги отвораат каналите за комуникација и се многу поизразени во животните ситуации и тоа е позитивно. Емотивното изразување е важно за добро психолошко здравје, а сестрите го поттикнуваат тоа во семејството.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close