Рецепти
Направете едноставен и здрав сладолед за вашите најмили (Рецепт)
Ова е дефинитивно најздравиот сладолед за вашето дете!
За да го направите овој сладолед, ќе ви требаат само четири состојки и пет минути време.
Потребни состојки:
- 3-4 зрели банани
- 2 лажици какао во прав
- 2-3 лажици мед
- малку ванила по желба
Начин на подготовка: Излупете ги бананите и исечете ги на мали коцкички, па ставете ги во врекичка за замрзнување и замрзнете ги. Замрзнете ги и сите останати состојки и потоа ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете густ крем. На врвот можете да ставите и насечкани лешници.
Исто така можете да правите и свои комбинации. Наместо банана, можете да ставите друго омилено овошје, да додадете слатка павлака, кисело млеко, јогурт и слично.
Сепак, внимавајте, бидејќи сладоледот содржи мед, не давајте го на деца помали од 1 година.
Исто така внимавајте сладоледот да биде до температура која одговара за вашето дете.
Уживајте во летните денови кои ни преостануваат!д