MAMA
Најтешката работа на светот: Совршена фотографија покажува како мајките постигнуваат се’
Многумина се согласуваат со тоа дека да се биде мајка е најтешката работа на светот.
Многу пати сме слушнале дека да се биде мајка е најтешката работа на светот, а после многу години и самите тоа сме го научиле од сопствено искуство. Учиме преку тоа кога грбот не’ болел од нишкање на бебето, кога брадавиците ни пукале и крваревеле од хранење, кога сме се треселе секогаш кога ќе заплачат и нивниот звук ни допира директно во срце.
Научивме дека мајчинството е најтешката работа со сите предизвици со кои секојдневно се снаоѓаме и притоа се менуваме себеси, го менуваме животот. И не постои учител кој ќе ни каже како да го постигнеме тоа – едноставно успеваме.
Учиме како да го толкуваме бебешкиот јазик, да ги читаме неговите знаци, да знаеме што имт реба, да правиме четири работи одеднаш.
Учиме и притоа паѓаме, па повторно собираме сила да станеме, за нашите најмили. Австралиската мајка Кристи Андерсон на Инстаграм споделила објава која потсетува токму на тоа. Многу задачи, а притоа урамнотежување со сопствените потреби и потребите на децата. Пронаоѓање начин како да се успее.
Драги мајки, сето ова што сме го научиле доаѓа од нашата сила, креативност, искреност и одлучност!