Градинка

Најголемите подароци кои родителите може да им ги дадат на децата се корените и крилјата

21 век е време кога сите брзаме и имаме многу малку време.

Живееме во времиња кога се’ помалку можеме да им се посветиме на саканите. Честопати посегнуваме по моментални решенија, но треба да имаме на ум дека тие не се секогаш најдобро решение. За работа со детето не се потребни пари и специјални услови. Потребно е само малку ваше време и малку имагинација.

Како да одвојам време кога работам премногу?

Настојувајте секој ден да одвојувате време за детето. Нека биде тоа само ваше време, а не празно одење помеѓу правење ручек во кујната, чистење и гужва во превозот.

Кога ќе пораснат, децата ќе ги паметат заедничките ваши активности, а не тоа дали домот бил среден. Настојувајте детето да ви биде приортет, бидејќи игрите и вашето присуство се од големо значење за неговиот понатамошен развој.

Обврските може да почекаат, некои работни задачи можете да ги одложите и за подоцна кога ќе заспие детето, но играта и заедничкото време се непроценливи. Многу посреќно ќе замине детето во кревет ако ја почувствува вашата присутност, заинтересираност и посвета.

Дајте им на децата корени, да знаат од каде потекнуваат, да газат цврсто на земја, да бидат подготвени да се борат со животните предизвици, да трчаат напред, да заземаат свој став и да се борат за она што го заслужуваат. Дозволете им да знаат дека секогаш има каде да се вратат и дека е важно да се пронајдат себеси.

Дајте им на децата и крилја, за да летаат слободно во височините, да осознаваат нови светови, да бараат љубов, да се усовршуваат себеси, да пловат бескрајно и да го полнат своето срце.

Подарете им на вашите деца корени и крилја. Да знаат каде и како стојат, а притоа да се вивнат во височините и неуморно да бараат среќа.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close