MAMA

Магичен напиток за детето: Погледнете како изгледа мајчиното млеко под микроскоп

Фасцинантно видео кое го воодушеви светот.

Свесни сме за тоа дека мајчиното млеко е магичен напиток за бебето и сите се трудиме да му го обезбедиме на бебето кога ќе дојде на свет. Многу пати имаме слушнато за тоа што содржи, какви предности има и не’ фасцинира со тоа што е од особена корист за детскиот раст и развој.

Сепак, дали некогаш сте се запрашале како изгледа овој магичен напиток за бебиња под микроскоп? Една мајка сподели снимка на која е снимена само една капка од своето млеко.

„Луѓе, ова е многу кул! Тоа е живо течно злато кое го нарекуваме мајчино млеко. Ова е само една капка од моето млеко под микроскоп. Тоа е чудо и се’ што му е потребно на моето бебе во овој момент. Целосно фасцинирачки“, напишала Џенсен Хауард под снимката која ја споделила.

„Слушнав дека мајчиното млеко го менува својот состав, за да се прилагоди на потребите на детето. На пример, ако е болно, во млекото се создаваат антитела кои помагаат да се избори со инфекција“, вели оваа мама за Huffington Post.

Покрај предностите кои ги нуди доењето за бебето, нуди големи предности и за здравјето на мајките. Намалено крвавење по породувањето, побрза инволуција на матката, побрзо враќање на посакуваната телесна тежина, помал ризик од рак на дојка, на јајчници, а и помал ризик од појава на остеопороза во подоцнежните години, односно во постменопаузата.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close