MAMA
На момчињата им треба поголема емоционална поддршка за разлика од девојчињата
Момчињата се емоционално поранливи уште во мајчината утроба.
Не е тајна дека ние возрасните на децата им правиме голема услога во смисла на емоционалната поддршка.
Општеството им налага на момчињата дека мора да бидат цврсти и силни и дека покажувањето емоции е за „слаби девојчиња“. Тоа честопати резултира така што момчињата нема да знаат да ги изразат емоциите како тага и незадоволство, затоа што се научени да ги потиснуваат во себе, а знаеме дека тоа не е воопшто добро.
Истражувањата покажале дека на момчињата всушност им треба повеќе емоционална поддршка за разлика од девојчињата, но поради социјалните очекувања и стериотипите, ние тоа не им го даваме. Постојат биолошки разлики на кој начин се развива мозокот на момчињата и девојчињата. Всушност, момчињата се емоционално поранливи уште во матката.
Но, од некоја причина не зборуваме доволно за тие разлики, иако тие се патоказ дека емоционалната поддршка е важна за нашите деца. Станува се’ појасно дека ако не го правиме ова, нашите деца ќе ги доведеме до опасност.
Бидејќи кај машките доенчиња побавно созрева десниот дел од мозокот во првата година од животот, важно е посебното мајчинско внимание и поврзаност со детето, со цел тоа целосно да се развие социјално и емоционално.
Емоциите се одлика на луѓето. Како родители на момчиња, лесно е да се западне во замката како што е ГОЛЕМИТЕ ДЕЦА НЕ ПЛАЧАТ. Дозовлете им на вашите деца да бидат свои и да ги изразуваат своите емоции, со тоа ќе им помогнете МНОГУ!