Кафе муабет

Мажите им создаваат поголем стрес на жените отколку децата?

Ќе се согласите ли со ова?

Речиси секоја мајка која има партнер се шегува дека нејзиниот сопруг понекогаш ѝ доаѓа како уште едно дете. Партнерите можеби не бараат иста грижа како и нашите малечки, но секако понекогаш им праат стрес на жените.

Мажи – најголеми причинители на стрес?

Во едно истражување кое го спровело американскиот портал Today, 7000 мајки одговарале на прашања за стресот. Резултатите речиси не изненадиле ниту една мајка на светот: Било откриено дека повеќето жени го оцениле својот стрес до 8,5 од можни 10, а 46% од жените изјавиле дека нивниот партнер им прави поголем стрес отколку децата.

Дури 75% од жените рекле дека се чувствуваат како сите работи во домаќинството, но и обврските кои ги наметнува родителството, да им се препишани само ним. Една од пет мајки рекла дека мажот најмногу ѝ прави стрес затоа што едноставно не ѝ помага доволно во секојдневниот живот.

Секако, не се сите партнери исти, па и од ова има исклучоци. Но, очигледно постојат многу такви кои треба да станат рамноправни во извршувањето на обврските во домаќинството, а и да преземаат поголема грижа околу децата.

Мајките и така имаат многу работа, па не им треба дополнителен стрес и тоа предизвикан од возрасен човек кој може и знае како се работи. Поради тоа, до сите мажи кои го читаат ова: Ве молиме, не бидете оној човек кој ѝ отежнува на сопругата!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close