MAMA
Мајки, мислете на себе: Неколку начини кои ќе ви помогнат да се опуштите
Ви предлагаме неколку начини за да се одморите и ослободите од стресот.
Речиси сите мајки се преполни со обврски, но, од особена важност е да пронајдете време за себе и да се опуштите.Еве како можете да се грижите за себе, а притоа и останатите околу вас да бидат среќни и задоволни затоа што ќе гледаат насмевка на вашето лице.
Понекогаш дозволете си да бидете приоритет
Како родител, вие секогаш се грижете за друзите. Хранење, менување мелени, бришење, чистење, работа, непроспиени ноќи… Ова никогаш не поминува. Затоа, дозволете си повремено да си бидете приоритет и да се опуштите. Секогаш имајте на ум дека кога сте добри кон себе, ќе бидете добри и кон другите.
Дозволете им на децата да им биде досадно
Ако на децата им е досадно, родителите најчесто им наоѓаат забава, смислуваат идеи и интересни активности. Зошто да мора постојано да ги забавувате? Нека им биде досадно! Секако, така ќе станат и покреативни, а вашиот ум ќе може малку да „здивне“.
Дајте си пауза
Иако најверојатно не можете секој ден да правите пауза или да дремнувате на пладне, повремено дајте си одмор. Барем за кратко отидете до другата соба и опуштете се. Сигурно ќе бидете поспособни и ќе функционирате подобро.