MAMA

Како се менува женскиот мозок по раѓањето на детето?

Многу родители првата средба со детето ја опишуваат како љубов на прв поглед.

Научниците потврдуваат дека промената која се случува во мозокот кога добиваме дете, е слична на онаа кога се заљубуваме. Тоа обично е изразено кај младите мајки, на кои мозокот почнува да им се менува уште во бременоста.

Љубовта и грижата поттикнуваат промени во мозокот

Докажано е дека промените се случуваат во различни делови на мозокот, сивата материја се згуснува, а мозочната активност се зголемува во областите задолжени за сочувствување и социјални интеракции.

Благодарејќи токму на овие промени, како и поплавата од хормони во текот на бременоста и по породувањето, младата мајка е воодушевена со своето бебе, а со неопишливата мајчинска љубов се јавуваат и силни заштитнички нагони како и постојана загриженост.

Истражувачите велат дека во текот на првите месеци по породувањето, кај многу мајки се јавуваат симптоми на опсесивно-компулсивно нарушување, како претерано миење раце или постојано проверување дали бебето дише.

Промените во мозокот на мајката се најголеми со првото дете, но не е познато дали мозокот некогаш се враќа во состојба во каква што бил пред породувањето. Но, важно е да се напомене дека овие промени не се резервирани само за новопечените мајки.

Тие може да се забележат и кај татковците, особено кај оние кои длабоко се вклучени во грижата за бебето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close