Кафе муабет

Луѓето не можат да ги читаат вашите мисли, затоа – ЗБОРУВАЈТЕ!

Бидете отворени и искажете ги своите потреби.

На многумина им е позната изреката: „Ако не ги кажеш своите потреби, тогаш не очекувај да бидат задоволени“.

Вие не можете да знаете што сакаат другите и како да ги задоволите, па затоа, не очекувајте го и вие тоа. Никој не може да знае што ве прави среќни, што ви е потребно во моментот и каква поддршка ви треба во животот. Не молчете. Покажете ги своите емоции, бидете искрени и отворени.

Не прифаќајте се’, ако не сте спремни за тоа. Научете се да кажете НЕ, ако сакате да бидете задоовлни, сфатени и среќни.

Не трпете се’ додека еден ден не експлодирате. Не чувајте ги во себе емоциите кои навечер не ви дозволуваат да спиете, а наутро ви го крадат мирот. Не очекувајте разбирање, ако притоа само молчите и глумите среќна личност. Не срамете се, не плашете се.

Одговарајте на прашањата, онака како што ви вели срцето, а не изговорувајте го само она што другите сакаат да го слушнат. Вие сте уникатни и само вие знаете колку ви е потребно за среќа. Зборувајте, за да бидете слушнати. Зошто тој неорпавдан страв и срам?

Бидете среќни што конечно ќе можете да бидете свои и да тргнете кон реализација на своите соништа и потреби.

Луѓето околу вас немаат волшебна моќ за да сфатат што во тој момент се крие во вашиот ум. Изговорете ги потребните зборови, без да се плашите од осуди и обвинувања. На овој начин ќе сфатите на кој навистина му е грижа за вас, а кој едвај чека да си го сврти грбот и да си замине.

Не срамете се, во спротивно ќе бидете разочарани и не ќе можете да ја почувствувате топлината која умее да ја подари животот!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close