MAMA
Летото е супер време за да се биде нова мајка!
Летото е едно од најубавите годишни времиња за новите мајки.
Летото е добар период за да станете нова мајка затоа што слободно можете да излегувате надвор. Прилично тешко е да се мотивирате да излезете од дома кога надвор температурата е во минус, а уште потешко е кога сте уморни и се’ уште заздравувате од породувањето. Но, во текот на летните месеци, кога надвор е топло, излегувањето од домот е далеку попривлечно отколку кога ќе се породите кога времето е студено.
Исто така предност е тоа што бебето може да носи многу помалку облека, што автоматски значи многу помалку валкани алишта. Кога мора да го облечете бебето во боди, маица, хеланки, чорапи, капа, шал, скафандер… не е едноставно и чини труд, зар не? Затоа, летото е идеално време за мали бебиња. Сите мајки знаат колку времето е од голема важност, а лесните летни слоеви облека се вашиот најдобар пријател.
Предност е и тоа што ќе можете да излегувате со бебето во количка и притоа да сретнувате и други мајки со кои ќе можете да позборувате, да си размените искуства, да се насмеете, да си дадете надеж, поддршка и утеха. Полесно се ужива во активностите на отворено, затоа што слободно ќе можете да пешачите со вашата другарка додека бебето спие во количката. Така ќе го намалите нивото на стрес, а треба да знаете дека грижата за психичкото здравје е еднакво на физичкото.
Секако, новороденчињата се нежни и мора да бидат заштитени од бактерии и инфекции во текот на целата година, но, се чини дека во летниот период полесно може да се избегнат настинките и грипот. Уште една предност за летните мајки!