Бременост
Летни активности кои треба да ги избегнувате во бременоста
Еве на што посебно треба да обрнете внимание.
Бременоста во секој случај е друга состојба, но не и болест, па бремените жени би требало да се однесуваат сосема нормално. Но, постојат неколку активности кои би требало да ги избегнувате во целост во летниот период и да им пристапите со голема доза внимание. Еве за што станува збор.
Забавни паркови
Иако во главно се наменети за младата популација, многу вртелешки и тобогани се прилагодени и за возрасните, но, доколку сте во блажена состојба, би требало да ги изнегнувате, зашто изненадното полетување или застанување може да му наштети на вашето бебе.
Велосипедизам
Возењето велосипед не им се препорачува на идните мајки. Меѓутоа, ако сте искусна во тоа, тогаш најверојатно може да продолжите со возење до второто тромесечје, затоа што понатаму центарот на гравитација ќе ви влијае на рамнотежата и возењето може да стане опасно.
Гимнастика
Во текот на гимнастичките вежби е зголемен ризикот за повреда на стомакот.
Нуркање
На ова не ни помислувајте додека сте бремени, затоа што при излегувањето на површина доаѓа до намален притисок, а бебето во стомакот не е подготвено за такви промени.
Тенис
Тенисот со лесен интензитет е сосема во ред, но, само доколку сте играле и пред бременоста. Но, играта со висок интензитет би требало да се избегне, а посебно внимание обрнете на рамнотежата и наглите движења.